Евроамбасадорот Гир бара реформи и критикува за носењето закони по скратена постапка

Не е само бугарското вето проблем за македонските интеграции. Европската Унија предупредува дека треба да продолжо процесот на реформи и усгласување со европските стандарди, но сериозно забележува дека трендот на носење закони по скратена постапка мора да запре во Парламентот, вели евроамбасадорот Дејвид Гир, кој по пет месеци од донесувањето дури денеска го презентираше извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија. Според него, сите пратеници мора да работат заедно за да се постигнат целите од европската агенда.

О покрај бројните забелешки на Унијата за спроведување на реформите вивепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ бил задоволен од она што било направено во сите области. Ако пред само неколку дена како власт го одбија повикот на опозицијата за национално обнединување, Маричиќ сега токму од Парламентот ги повика сите политички чинители да бидат обединети за европските интеграции.

Претседателот на комисијата за европски прашања Арбр Адеми кој дури по пет месеци од добивањето на извештајот на ЕУ дури денеска закажа негово разгледување, вели дека добрососедските осноси со Бугарија се државен приоритет од кој не можеме да избегаме.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на иста линија со Гир. Велат дека агендата која ја спроведува мнозинството со ставање на закони на брза лента не носи бенефит за граѓаните, ниту пак позитивна оценка од Брисел.

И по овој извештај од Брисел, Унијата повторно алармира дека Македонија мора да работи на забрзување на реформите, владеење на парвото и спречување на корупцијата.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста