Еврејската заедница: Вчудоневидени сме од говорот на омраза за Лев Тахор

Еврејската заедница на Македонија бара од надлежните органи да превземат соодветни мерки против оние кои ширеле говор на омразапо повод престојот на ортодоксно религиозната еврејска група Лев Тахор во државава, која како што навеле во соопштението,е во основа мирољубива и не загрозува никого.

Една мала група на подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот со се Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство на Евреите во Република Македонија. Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледиви последици – реагираат од Еврејската заедница на Македонија.

И додека од еврејската заедница на Македонија како невистинити, ги отфрлаат инсинуациите дека против нив се водат разноразни судски процеси за киднапирање на деца и други недолични работи,потрнцирајќи дека тоа не се однесувало на оваа група со еврејска вероисповед,мештаните од охридското село Долно Лакочереј каде групата е сместена од вчера,не отстапуваат.

Луѓето како луѓе ние нити сакаме да ги малтреираме, само бараме дислокација пошто  оваа група не е пожелна никаде, а од тој страв не сакаме ни тука да биде присутна – изјави жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.

Настоски кажа дека група од 80-тина негови соселани вчера отишле во хотелот каде што е сместена групата,порачувајќи му на сопственикот во рок од 48 часа да заминат од тука членовите на Лев Тахор, во спеотивно селото ќе протестира.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор во Македонија се веќе 17 дена,а престојуаа во Куманово, Скопје за сега да се вглезнат во Охрид.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста