Еврејската верска заедница Лев Тахор се „вгнезди“ во охридско

После Куманово и Скопје, членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор се вгнездија во охридското селото Горно Лакочереј. Жителите вознемирени,најавуваат протести се ‘ додека не си заминат.Тврдат дека со автобус во полициска прудружба, биле донесени синоќа до пред самиот хотел во селото каде што,според нивните кажувања и се сместиле.

Цело село е вознемирено, прв пат во мојов живот во мои 60 години јас го гледам селово толку вознемирено ,толку загрижено, толку уплашено и бараат начин како луѓево да се дислоцираат од нашево село – изјави жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.

-Ги видовме како со куфери се симнуваат од автобусот,групата брои повеќе од 30-тина мажи, жени и мали деца.Денес не сме ги виделе низ селото, но знаеме дека престојуваат во единствениот хотел во Горно Лакочереј, вели нашит соговорник. И додека сопственикот на хотелот кој не сакаше да зборува јавно тврди дека членовите на Лев Тахор не се во неговиот хотелски капацитети, мештаните отворено кажуваат дека веќе се организираат за протест во кој ќе учестуваат не само селаните, туку и охриѓани. Велат дека се плашат за безбедноста на своите намили, бидејќи членовите на еврејската заедница ги бие лош глас,мора да има причина зошто оваа група не е пожелна никаде.

Нив ги бие некој глас, викаат дека киднапирале деца, не можеме да тврдиме ние.Од тие причини,а  и селово ни е религиозно,не е случајно и по мене избрано баш ова село со 5 цркви, православно село – изјави жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.

Инаку,групата од 37 лица од кои половина се малолетни деца во земјавава пристигнаа на 5 фебруари обезбедувајќи си престој на две локациии на периферијата од Куманово, каде што не се чувствувале безбедно и поради тоа на 15-ти фебруари во полициска придржуба беа префлени во Скопје, а од синоќа се во Охрид.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор во Македонија се веќе 16 дена, од МВР велат дека се со легален престој и дека привремено престојуваат во земјава и можат да се движат каде што сакаат. Групата кај нас дојде откако беа протерани од Босна и Херцеговина.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста