Евгениј Новак си замина од Вардар и ќе продолжи во украинскиот Колос

ФК Вардар останува без најдобрите, најпрепознатливите од последните години што е и многу очекуван исход имајќи ги предвид сите пробеми со кои летово се соочи најголемиот македонски првак. Последен на листата демисионирани е Украинецот Евгениј Новак кој беше незаменлив дел од составот во последните пет години во кои беа освоени три титули, а еднаш Варадр беше дел од групната фаза од Лигата на Европа. Стоперот најљубезно се заблагодари на соработката и замина во клуб од неговата земја Колос.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста