Еве на кои локации низ Скопје денеска ќе има интервенции од страна на ЈП Водовод и канализација

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 14.10.2020 година (среда) ќе има следните интервенции:

– поради изведување на приклучок од Ф – 80 мм на ул. Антон Панов бр.3 во населба Водно, во периодот од 09.30 до 13.00 часот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Антон Панов. (општина Центар)

– поради уличен дефект од Ф – 150 мм на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.30 во населба Центар, во периодот од 08.30 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат корисниците на потегот од бул. Свети Климент Охридски до ул. Аминта Трети. (општина Центар)

– поради реконструкција на водоводна мрежа од ф – 100 мм на ул. Јуриј Гагарин – крак 4 во населба Козле, во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без вода ќе останат корисниците од ул. Јуриј Гагарин – крак 4, како и дел од корисниците од крак 6. (општина Карпош)

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста