Евакуирани американските работници од нафтените полиња во Ирак

Американските граѓани кои работат на ирачките нафтени полиња се евакуирани од земјата по американскиот напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани, соопшти портпаролот на Министерството за нафта, Асем Џихад.

Неколкумина веќе заминале, а некои се подготвуваат да заминат, рече Џихад, кој додаде дека „нема влијание“ врз производството на нафта во Ирак.

Бројот на американски теренски персонал во вториот по големина производител на сурова нафта веќе се намали во последните неколку месеци, бидејќи тензиите меѓу САД и Иран се зголемија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста