„Еуроњуз“: Корупцијата и бугарското вето -Клучни пречки за европскиот пат на Македонија

 „Еуроњуз“: Корупцијата и бугарското вето -Клучни пречки за европскиот пат на Македонија

„Скопје може да напредува на својот пат кон еу само ако продолжи да ги поправа односите со соседна Бугарија“ посочува телевизијата „Еуроњуз“ во својата анализа за последната одлка на Европската Унија да ги одвои Албанија и Македонија од процесот.

Според нив, дури и со успешна имплементација на планот за раст, овие дипломатски односи ќе играат клучна улога.

„Софија и Скопје продолжуваат да разменуваат воинствена реторика, што може да претставува предизвик за односите меѓу двете држави. Бугарскиот политичар Бојко Борисов неодамна изјави дека Македонија треба да се соочи со последиците од своите постапки„, се вели во анализата.

„Кога новата влада ја презеде должноста, немаше големи отстапувања од реформската агенда“ , истакнуваат дипломатски извори за „Еуроњуз“ но, сепак нагласуваат дека треба време за да се види како ќе се спроведуваат планираните реформи. Овие реформи вклучуваат „Зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата“, а нивната успешност ќе биде клучна за исплатата на предвидените шест милијарди евра за инвестиции на Западниот Балкан.

Според „Еуроњуз“, корупцијата е присутна, но ЕУ имала строги механизми за заштита од злоупотреби. Истите извори нагласуваат дека „ЕУ има политика на нулта толеранција за корупцијата и дека доколку се појави сомнеж, ќе бидат активирани сите заштитни механизми. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста