„Еурокомпозитовци“ заборавени и за платежните картички “Купувам домашно“

Државата и Владата, по којзнае кој пат, пак ги заборавија, „еурокомпозитовци“. Ништо од досегашните дваесетина остварени средби и безбројните ветувања добивани во овие три години за спас на последниот македонски загубар „Еурокомпозит“. Ниту им се доисплатија отпремнините на над 160-те работниците кои заминаа како технолошки вишок, ниту шеесетината вработени ги дозедоа заостанатите преку 25 плати, ниту им се платени придонесите, а сега се изоставени дури и од заштитната владина мерка – платежни картички „Купувам домашно“, иако веќе шест месеци овие луѓе се на принуден одмор и немаат апсолутно никакви приходи.

Велат, соочени со борбата за гола егзистенција, се обиделе да влезат во со месеци затворената Фабрика и да почнат да го распродаваат имотот. Но, и во таа намера биле спречени.

“Еурокомпозитовци“ се заканија дека по завршувањето на вонредната сосотојба, дефинитивно ќе заминат на протести пред Владата, кои би биле со неограничено времетраење, односно се додека не се реши нивниот децениски проблем.

 

 Каролина Дурло   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста