ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ЗА ПРВА ПОБЕДА ВО ЛИГА ЕВРОПА ИГРА НА ГОСТИ КАЈ ТРИМО ТРЕБЊЕ (20.45)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер никако да го поткрепат мислењето дека се добра, квалитетна екипа, со голем потенцијал и иднина. Европскиот настап до сега беше со многу варијации и не им донесе победа на битолчани кои денеска среќата ќе ја побараат и во Љубљана. Зелените од 20.45 играат со Тримо Требње во меч кој е четврти за нас и само втор за Словенците во групата Д од Лигата на Европа. Тоа ништо не значи, но впечаток е дека иако станува збор за гостување во познат ракомете терен, во Стожице, ова е добра шанса за Еурофарм да се наметне и да најави дека има капацитет за позиција која води во 1/8 финалето.
Дуелот на Еурофарм Пелистер кај Тримо Требње е вечерва од 20.45 и ќе биде единствениот наш овие денови во европските купови зошто своите дуели заради корона кај себе или кај противникот мораат да ги одложат и Металург и Вардар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста