ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР ДЕНЕСКА (18.00) ВО НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО РАКОМЕТНО ДЕРБИ

Еурофарм Пелистер го дочекува Вардар во меч од 14-то коло во машката ракометна Супер лига кој може и многу веројатно ќе биде клучен за титулата. Соочувањето на убедливо најдобрите во земјава е од 18 часот во салата Младост и во него двете екипи влегуваат со по 39 бодови и нешто подобра гол разлика на зелените. Оваа рунда денеска ги содржи и дуелите на Охрид и Радовиш, и на Прилеп со Скопје, а утре го нуди мечевите на Металург и Тиквеш и на Пролет и втората екипа на Еуроарма. Се инаку во ова коло започна вчера со триумфот на Бутел против Струга со 30-19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста