ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР И МЕТАЛУРГ ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ И ГРУПИТЕ ВО РАКОМЕТНАТА ЕВРОПСКА ЛИГА

Македонските претставници попладнево ги добија своите противници во новоформираното ракометно натпреврување Лигата на Европа, каде земјава ја претставуваат две екипи.

Еурофарм Пелистер кој обезбеди директен пласман во групната фаза ќе биде дел од групата Д, а ждрепката не му беше наклонета со оглед на тоа дека за противници ги добри екипите на Татабања, КадетенШафхаузен, Рајн Некар Левен и ГОГ Гудме Тримо. Првиот меч битолскиот состав го игра на домашен терен против Татабања.

Металург стартува со тешко гостување кај Тулуз, а покрај францускиот состав во Групата се најдоа уште и екипите на Адемар Леон, Висла Плоцк, Чеховски Медведи и Фиверс.

Првите дуели од ракометната Лига на Европа се играат на 20. октомври, најдобрите 4 од секоја конкуренција продолжуваат во осминафиналето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста