ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР БЕШЕ ПОДОБАР ОД ТРИМО (33-26) ЗА ПРВ ТРИУМФ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија првата победа во Европската лига и се надеваме свртеа нова, поубава страница во натпреварите од вториот клупски шамионат на стариот континент. Битолчани синоќа во салата Боро Чурлевски беа подобри од Тримо Требње со 33-26, и по три порази и едно реми конечно дојдоа до цел плен. Сега Еурофарм има три бода и е на делба на четвртото место во Д групата од која, по паузата и новите пет круга, четири тима ќе се најдат во осминафиналето. Скопските Евро претставници Вардар и Металург ни оваа седмица не играат што се должи на корона кај нив, но и кај нивните предвидени противници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста