Еуро Никел го победи Работнички, Кожув лесно со Ангели во 10. коло од кошаркарската Прва лига

Работнички го претпе четвртиот пораз во десеттиот натпревар од домашната кошаркарска Супер лига. Тимот од „Градски парк“ загуби на гостувањето кај Еуро Никел со 95-77. За Кавадарчани, пак, ова е четвртти триумф по ред, вкупно петти за сигурност во плејоф зоната. На победа во десеттото коло вчера се израдува и Кожув, очекувано на свој терен против Ангели со 105-67. Претходно, Феникс го изненади шампионот МЗТ Скопје со 90-83 и Пелистер го совлада Гостивар со 101-76. Колото ќе се комлетира денеска со дуелите на Куманово-МЗТ Скопје 2 од 18.00 часот и ФМП-ТФТ од 19.00 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста