Еуро Никел го дочекува МЗТ Скопје (17.00) во вториот меч од финалната серија за шампионската титула
Денеска се игра вториот меч од финалната плеј оф серија меѓу МЗТ Скопје и Еуро Никел. Екипата на Горан Самаеџиев се надева дека ќе ги надмине проблемите со заморот од згуснатиот распоред и патувањето на неутралниот терен поради ковид-центарот во Кавадарци. Имаа одличен меч во Аеродром, но на крајот профитираа Металците со тесни 83-81. Тимот на Дарко Радуловиќ верува во нова победа попладнево во салата „26 април“ од 17 часот, со која ќе бидат на чекор до одбрана на шампионска титула.
КАТЕГОРИИ Спорт