ЕУ пред одлука за почеток на преговори со Македонија

ЕУ е пред конечна одлука за започнување пристапни преговори со Македонија.Според последнииот нацрт-заклучок на Советот на ЕУ кој го објави МИА,а официјално ќе биде презентиран утре, ЕУ кога ќе се одржи и министерскиот состанок ќе отвори преговори со Македонија и Албанија. Видео конференцијата на министрите оради пандеијата од Ковид-19 може да ја пролонгира одлуката.Таа треба да биде потрврдена на Европскиот совет в четврток.

„Oткако го разгледа извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија од 2 март 2020, Советот го поздравува тоа што земјата покажа одлучност во напредокот на ЕУ агендата и испорача опипливи и одржливи резултати. Со оглед на остварениот напредок и исполнувањето на условите поставени едногласно од Советот во јуни 2018, Советот одлучува да отвори преговори со Република Северна Македонија”

Првата меѓувладина конкуренција треба да се одржи што е можно поскоро. Европската Комисија ќе ја започне веднаш подготвителната работа, што подразбира поставување на преговарачка рамка.

Можниот позитивен исход минатат недела го најави вицепремиерот Бујар Османи. За разлика од него министерот за надворешни работи Димитров апелираше на внимателност со оглед на последните горчливи искуства.

За Албанија има сличен неколку услови повеќе за одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста