ЕУ ни даде зелено светло за преговори

Пет месеци по фијаското на министерскиот состанок во Луксембург, Брисел одлучи на Македонија и Албанија да добијат датум за преговори. Министрите за надворешни работи преку видеоконференција дадоа зелено светло за заклучоците донесени на амбасадорско ниво. Одлуката за почеток на преговорите треба да биде потврдена на самитот на ЕУ предвиден за четврток и петок. Лидерите на ЕУ исто така ќе имаат состанок преку видео-конференција поради коронавирусот.

Европската Комисија ќе ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи во најбрз рок. Еврокомесарот за проширување Вархеји на Твитер напиша дека се упатува јасна и гласна порака дека иднбината на западерн балкан е во ЕУ.

“Северна Македонија со Договорот од Преспа и Договорот за соработка со Бугарија е пример за цел регион и треба да забрза кон почнување на преговорите“, рече Вархеји на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите.

Според техничкиот премиер Спасовски се работи за повеќе од заслужен успех и признание за сработеното кое требаше да го добиеме одамна. Потег со кој сае исправа стратешката грешка на ЕУ од октомври минатата година.

“Благодарам што ги отворивте вратите и што ни давате шанса. Граѓаните и институциитее таа шанса треба да ја искористат”, рече Спасовски.

И мионистерот за надворешни работи Димитров смерта дека одлуката не дошла лесно и не е подарена туку е резаултат на спроведените рфеформи.

“Од сега натаму и ние ќе имаме почетна точка од кога ќе го мериме времето, од кога започнуваме позитивен натпревар со останатите во спроведувањето на реформите и во усвојувањето на европските стандарди. И досега, но отсега па натаму уште повеќе од нас самите зависи. Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство”, изјави Димитров.

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи пак сметаљ дека одлуѕката за преговори ќе придонесе и за оптимизам во борбата против корона вирусот. Според него не сеработи за подарок од ЕУ туку за признание за срабоптеното.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста