Еснафските новинарски здруженија бараат итно решавање на процесите за насилство врз новинарите
Сериозни напади врз новинарите, решавање на нерешените случаи на напади врз медиумските работници, заштитата на јавниот интерес преку слободата на говор, транспарентноста на надлежните институции и соработката помеѓу еснафските здруженија со МВР и Јавното обвинителство, како и заштитата на новинарите. Ова беа дел од темите на кои се дискутираше за време на денешната прес-конференцијата која денеска ЗНМ ја организираше, а со која се одбележа Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите. На настанот покрај претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, беа присутни и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, јавниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на ССНМ, Павле Беловски.