„ЕСМ“ крои есап за поскапување на струјата – Регулаторна го има последниот збор

Струјата дефинитивно поскапува. За колку ќе се зголеми цената на струјата, барем за сега, енергетските компании не откриваат. Тие се уште ги прават последните пресметки на трошоци. Според првичните информации растот би се движел нешто повеќе од 10%. Сапак официјално, каква ќе биде цената ќе се знае веќе од следниот месец.

Државната компанија „ЕСМ“ прави пресметки по која цена од јануари ќе ја продава струјата на „ЕВН“. Речиси е извесно дека ќе се бара зголемување, што пак е очекувано да влијаело на крајната цена што ја плаќаат граѓаните.

Сепак, според информациите, за колку „Електрани на Македонија“ ќе ја зголемат цената кон „ЕВН“ – Владата ќе одлучува на утрешната седница. Сега, цената по која државните електрани ја продваат електричната енергија на Универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават, а на пазарите се продава и за цени поголеми од  200 евра за мегават час. Конечната одлука за крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

„ЕСМ“ учествуваат со над 30% во крајната цена за потрошувачите. И од „МЕПСО“ посочија дека нивните трошоци ќе бидат зголемени. Но учеството компанијата во цената е најмало и изнесува од 3% до 4%. Овој пат големо влијание врз сметките ќе има и набавката на струја во изминатиот период, која чини над 10 милиони евра.

Поради падот на домашното производство, потребите од струја се надоместуват од меѓународната мрежа, за што „МЕПСО“ кон Европа треба да плати фактура од 18,5 милиони евра.

Поради потфрлањето на производството, беа разрешени и директорите на „РЕК“ Битола и „ТЕЦ“ Осломеј.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста