ЕСМ: хотел Молика од дeнеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица кои ќе се вратат од странски држави.

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот ,,Молика”.

Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација.

На располагање на државата за овие потреби од страна на АД ЕСМ и се ставени и хотелите ,,Попова Шапка” и ,,Славија” на Попова Шапка, каде се очекува во текот на утрешниот ден да се сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство и кои ќе го поминат изолациониот период во овие капацитети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста