„ЕСМ“ дури следната недела ќе каже која компанија ќе го снабдува „РЕК“ Битола со јаглен

Фирмата што ќе го добие тендерот за набавка на 900.000 тони јаглен, за ставање во погон на Блок 3 во „РЕК“ Битола, Електрани на Македонија ќе ја соопштат следната недела. Од компанијата велат дека понудите се испратени на техничка евалуација која опфаќа проверка на доставената техничка документација, проверка на сертификатите за квалитет и лабораториска анализа на доставените  пробни количини јаглен. Понудите го задоволуваат бараното количество јаглен. Колку ќе чини зделката засега нема информација, а транспортот на јагленот е на товар на фирмата која што ќе го добие тендерот.

  • Јагленот од 900 илјади тони кој е предмет на оваа набавка е наменет само за дополнително производство, за потребите на фирмите и државните институции, со цел за нив да се обезбеди електрична енергија по цена пониска од моменталните цени на берзите, од каде овие субјекти се снабдуваат, велат од „ЕСМ“.
  • Редовното производството на електрична енергија за снабдување на домаќинствата се врши со сопствен ископ на јаглен од рудниците на „РЕК“ Битола и со производство од другите производни капацитети: „РЕК“ Осломеј, гасната електрана „Енергетика“, хидроелектраните „Црн Дрим“, „Маврово“, „Треска“ и „Тиквеш’ и од ветерниот парк „Богданци“, велат од А.Д. „ЕСМ“.

Од компанијата соопштија дека девет фирми пројавиле интерес – два домашни рудника, фирми од Албанија, Косово, Босна и Турција. Сепак експертите велат не е смао да се најде јагленот, проблемот е како ќе се донесат 900.000 тони во змејава и колку време ќе биде потребно за тоа. Транспортот за „РЕК“ Битола ќе биде со камиони, кои ќе ги користат истите патишта како и граѓаните.

Колку за илустрација, во „РЕК“ Битола за производство на 1 мегават се потребни 1,5 тони јаглен. Еден блок во „РЕК“ Битола за еден час троши околу 230 тони јаглен така што за 24 часоа на третиот блок во РЕК Битола се потребни 5.000 тони јаглен. Тоа значи дека во рок од 24 часа, 167 камиони ќе треба да го транспортираат јагленот до депонијата, од каде со лента се транспортирани во комбинатот.

И додека се обезбеди потребното количество стурја од домашно производство, недостатоците се надополнуваат од европската мрежа, за што сметката на „МЕПСО“ за октомври ќе надмине 15 милиони евра. Рестрикции во моментов не се предвидени. Од екомисија соопштија дека единствена цел со прогласувањето на кризната состојба е отварање на можноста за финансиска помош со буџетски средства во „ЕСМ“ и „МЕПСО“ за зголемување на нивната ликвидност и со тоа да може да се интервенира во увозот на струја.

Надлежните спасот од енергетската криза го гледаат во активирање на домашните капацитети. Во меѓувреме во функција е ставен и „Маврово“, а се планира активирање и на „ТЕЦ“ Неготино. Сепак додека се обезбедат потребните количини енергенси за да се зголеми домашното производство, „МЕПСО“ влече струја од меѓународните мрежи и трупа милионски долгови. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста