Ешли Барти нема да настапи на отворенотениско првенство на САД

Најдобрата тенисерка во моментов или барем првата на официјалната ВТА листа Ешли Барти признава дека е загрижена за сопственото здравје и дека тоа е причина што нема да патува во Њујорк за да настапи на Ју Ес Оупен. Австралијката вели:“ нема да се чувствувам пријатно ако го изложам мојот тим на таква опасност. Сакав да играм, но ризикот е преголем“. Веднаш по оваа објава на Барти и тоа со многу смирен тон и одговори директорката на Гренд Слемот Стејси Оластер. “На Ешли и посакуваме се најдобро и ја чекаме да се врати на турнирот на кој е една од милечничките“.