ЕРДОГАН СМЕТА ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ДВЕ ДРЖАВИ НА КИПАР

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е време да се разговара за реалниот предлог за решението на „две држави“ на поделениот остров Кипар. Тој истакна дека параметрите на актуелните разговори не се одржливи.
Зборувајќи на конференција Ердоган кажа дека пристапот на кипарските Грци ги блокирал претходните обиди за наоѓање решение.
„Мора да се сфати дека според актуелните параметри не може да се дојде до резултат во преговарачкиот процес кој трае повеќе од половина век“, заклучи турскиот претседател.
Ердоган верува дека решението на две држави сега мора да се изнесе со реален предлог.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста