„Ер Србија“ од 18 мај лета на четири дестинации

Авиокомпанијата „Ер Србија“ од 18 мај ќе ги обнови летовите на четири дестинации – Лонддон, Франкфурт, Цирих и Виена, јавија српските медиуми повикувајќи се на изјава на потпретседателката на владата на Србија и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

„Тоа се добри вести за граѓаните“, изјави Михајловиќ за време на обиколката на работите за модернизација и проширување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пренесе Танјуг.

Таа истакна дека „Ер Србија“ е подготвена да ги воспостави летовите на тие четири дестинации и дека очекува во наредниот период да има и други одредишта на кои ќе лета оваа компанија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста