Епидемиолошката состојба во Тетово сеуште сериозна-без почитување на протоколите пописот дополнителен ризик за ширење на вирусот

Непочитувањето на мерките и протоколите при спроведување на пописот кој почнува денеска,може да биде ризик за поголемо ширење на вирусот,предупредуваат лекарите.Ова особено се однесува за Тетово,каде бројни семејства имаат или позитивни членови, или пак се во изолација.

Епидемиолошката состојба во Тетово и натаму е сериозна и покрај благото опаѓање на бројките на новозаразени и хоспитализирани.На болничко лекување константно има околу стотина пациенти,речиси сите со потешка клиничка слика.И амбулантските прегледи сеуште се движат околу 150 дневно.

Последното деноноќие во Тетово е регистриран еден смртен случај, а има шест нови хоспитализирани лица.90 % од оние кои се лекуваат се невакцинирани,па лекарите повторно порачуваат дека покрај мерките, вакцината е најдобра заштита.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста