ЕП 2020: ФРАНЦИЈА-РУСИЈА ЗА ПОТВРДА НА ПОЛУФИНАЛЕ (18.15ч.), ХРВАТКИТЕ НА ЧЕКОР ДО ТОП 4


Нови две средби денеска на женскиот евро-шампионат во Данска. Од 18.15 часот ќе се сретнат Франција и Русија во директен дуел за првото место во групата 1, а со тоа и сигурен пласман во полуфиналето. Од 20.30 часот, средба на Данска и Шведска во истата група за продолжување на трката за третото место. Од синоќа ја издвојуваме победата на Хрватска против фаворизираната Романија со 25-20. Хрватките заедно со Норвежанките ја предводат втората група, и се на бод до прогрес меѓу најдобрите четири на турнирот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста