ЕНИС БАРДИ СО АСИСТЕНЦИЈА ГО СПАСИ ЛЕВАНТЕ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ГРАНАДА

Енис Барди имаше асистенција за изедначувањето 1-1 на Леванте кај Гранада, и за бодот на тимот од Валенсија, кој е многу битен во обидот да се напушти црвената зона во Ла Лига. За нас е важно дека македонскиот репрезентативец е најнезаменливиот дел од поставата на Леванте, и дека во врвна форма ќе дојде другиот понеделник за мечот со Грузија за 12 ноември.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста