ЕЛМАС ВО РИМ ОДИГРА 20 МИНУТИ ЗА НАПОЛИ КОЈ ПРВ ПАТ НЕ ПОБЕДИ СЕЗОНАВА ВО КАЛЧОТО

Елиф Елмас доби нешто повеќе од 20 минути за игра во завршницата од едно од Европските дерби соочувања во текот на вчерашниот ден, но неговиот Наполи за прв пат не победи сезонава. По 0-0 со Рома на Олимпико наполитанците се уште се на врвот од Серија А со 25 бода колку што има и Милан. Далеку од нив, со седум бодови помалку е Интер кој во најголемиот меч на Апенините одигра 1-1 со Јувентус.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста