Елмас со ефектен гол против Пандев (ВИДЕО)

Горан Пандев и Елиф Елмас, еден против друг се сретнаа уште во второто коло од Серија А, на крајот помладиот славеше убедлива победа, зачинета со еден ефектен гол. Наполи со 6-0 ја декласираше Џенова, а Елмас беше стрелец на петтиот гол во 69-тата минута. Ова е само втор погодок за Елмас откако пристигна во Наполи. Пандев за разлика од воведното коло и маестралниот гол против Кротоне, сега во игра влезе во 55-та минута и беспомошно сведочеше за еден од најтешките порази на Џенова, и тоа од неговиот поранешен клуб.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста