ЕЛМАС НЕ ДОБИ ШАНСА ВО ТРИУМФОТ ПРОТИВ СОСИЕДАД, НОВО РЕМИ ЗА АДЕМИ, А ПОРАЗИ ЗА ВЕЛКОВСКИ И РУФАТИ ВО ЛИГА ЕВОРПА

Дербито во групата на македонските репрезентативци во Лига Европа го доби Наполи откако минимално славеше кај Реал Сосиедад. Елиф Елмас по прележаниот Коронавирус беше во тимот, но не доби шанса за игра. Политано го постигна победничкиот погодок во 56-тата минута. Во истата конкуренција, Дарко Велковски со Ријека запиша нов пораз, сега од АЗ Алкмар 4:1. Велковски направи пенал уште во шестата минута, по кој домаќинот ја најави втората победа за максимални 6 бода на врвот на табелата. Наполи остануваат втори со 3, колку што има и Сосиедад пред Ријека на дното без бодови. Од останатите македонски репрезентативци, Аријан Адеми одигра цел меч за Динамо во ремито без голови кај ЦСКА Москва, а на клупата за резерви остана Арон Руфати во поразот на неговата Зорја од Брага со 2-1.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста