Елмас играше малку, но со Наполи дојде до победа во финалето од Италијанскиот куп

Елиф Елмас не беше стартер, како петтта замена влезе во игра во 88 минута, но одигра и беше дел од финалето од Италијанскиот фудбалски куп што неговиот Наполи го доби против Јувентус по изведувањето пенали. Нашиот репрезенативец на почетокот остана на клупата за резерви што беше изненадување со оглед на тоа што беше стартер во успешното полуфинале во саботата. Инаку решавачки моменти по главно изедначениот дуел кој по 90 на празниот Олимпико во Рим заврши со 0-0 беа промашувањата од 11 метри на Дибала и Данило кај Торинези што Инсиње, Политано, Максимовиќ и Милик го искористија со перфектно изведени пенали. За Елмас ова е најдобар можен почеток на италијанската мисија.  За Наполи ова беше шести пахар, а за Јуве шести пораз во 19-тото финале.

Поврзани вести