Елмас и Наполи со Лестер, Адеми и Ристовски со Динамо против Вест Хемволе

Денеска последни натпревари одгрупната фаза во Лигата на Европа и во Конференциската лига на УЕФА кои се помалку атрактивни, секако, но затоа ние сме тука поприсутни. Така Наполи на Елиф Елмас дома игра со Лестер, а Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб гостуваат кај Вест Хем. Другите натпревари од двата купа што се вредни за издвојување се: Лион-Ренџерс, Лацио-Галатасарај и ЦСКА Софија-Рома, а мечот меѓу Тотенхем и Рен е одложен поради осум заразени играчи со коронавирусот во таборот на Премиерлигашот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста