ЕЛМАС И АДЕМИ ВО НОКАУТ ФАЗА, ВЕЛКОВСКИ СЕ ЗБОГУВАШЕ ОД ЛИГА ЕВРОПА

Наполи како лидер во групата се пласираше во првата нокаут фаза од Лига Европа. Елиф Елмас влезе во 74та минута на последниот меч со Реал Сосиедад, кој заврши без победник 1-1, доволно за заеднички пласман, но Шпанците како второрангирани. Вистински шок доживеа АЗ Алкмар, кој беше патник во елиминациите до 90тата, но во финишот прими гол од Ријека на нашиот Дарко Велковски за пораз од 2-1 и пад на третото место. Велковски и Ријека и покрај овој триумф останаа без шанси на дното. Европска пролет избори Аријан Адеми со Динамо Загреб. „Модрите“ ја совладаа ЦСКА Москва со 3-1 за потврда на вровт, но и рекорд – цели 527 минути без примен гол. Адеми играше до 35.минута, кога поради повреда на задната ложа го напушти теренот.