Елмас го реши дербито со Милан, Наполи го презеде второто место во Серија А

Со гол на Елиф Елмас, Наполи го победи Милан во дербито на 18.коло во италијанската Серија А лига. Македонскиот репрезентативец уште во 5. минута го искористи центар-шутот на Зиелински од корнер и со глава дојде до својот втор погодок сезонава во првенството, а вкупно седми броејќи ги четирите во Лига Европа и еден погодок во Купот на Италија. За Наполи, пак, ова е 12ти триумф, по кој изби на второто место пред Милан, со ист број на бодови, но подобра гол разлика. Интер останува лидер со четири бода повеќе во однос на двата најсериозни конкуренти во битката за шампионската титула.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста