„Елмас е новото злато на Наполи вредно 70м евра“

„Елиф Елмас, новото злато на Наполи кое вреди 70 милиони евра“, вака гласи насловот на текстот во италијанскиот весник „Ла Република“, по одличниот настап на нашиот „дијамант“. Во писанието се потенцира дека Елмас под водство на тренерот Спалети е во најдобра форма откако е во Наполи од 2019. Поради младоста и квалитетот, вредност на Елмас достигна до 70 милиони евра, и тој важи за еден од најдобрите млади фудбалери во петте најсилни првенства во Европа. Весникот потенцира дека за нив големо олеснување е тоа што Елмас нема да игра за Македонија во баражот против Италија поради жолти картони.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста