ЕЛИФ ЕЛМАС УЧЕСТВУВАШЕ ВО МИНУМАЛНИОТ ТРИУМФ НА НАПОЛИ КОЈ ОСТАНА НА ВРВОТ ОД СЕРИЈА А

Само минута по влегувањето во игра на Елиф Елмас Наполи постигна гол за водство, и тешка и минимална победа кај Салернитана од 1-0 по што Наполитанците останаа лидери во Италијанскиот фудбалски шампионат. Нашиот репрезентативец активно учествуваше во акцијата за погодокот со кој небесно сините дојдоа до десеттиот триумф во 11. кола, а по мечот за Радио Неапол рече дека е се уште рано да се говори за Скудетото бидејќи конкуренцијата е силна, и има уште многу да се игра. Наполи води заради подобрата со гол разлика пред Милан кој синоќа славеше кај Рома со 2-1. Инаку стрелец на еден од головите за росонерите на Олимпико беше Златан Ибрахимовиќ кому тоа му е 400. гол во кариерата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста