Екстремно топлото време однесе стотици животи во САД и Канада

Топлотниот бран кој во текот на неделава ги зафати северозападниот дел на Соединетите држави и југозападниот дел на Канада конечно попушта, но зад себе остави стотици починати.

49.4 Целзиусови степени. Гратчето Литон во Британска Колумбија го постигна овој неславен рекорд за историски највисоката температура измерена досега во Канада.

Спротивно од логиката, на југ беше постудено, но само малку. Во Соединетите Држави беа измерени речиси 47 степени во Портланд, Орегон. Овој град во кој температурата речиси никогаш не надминува 30 степени е потопол од Лос Анџелес или Мајами.

Изгледа како Армагедон, навистина-изјави Жител на Портланд.

Екстремните температури се одговорни за стотици смртни случаи изминатава недела. Лекарите во целиот регион со полни раце работа.  Итната помош преоптоварена.

Се чека до два часа за приоритетни повици. Луѓето вообичаено сега чекаат по еден час, а сум слушнал и за чекање од 12 до 15 часа за неитни повици- изјви Вработен во Итната помош во Бритнаска Колумбија.

И болниците преполни. Дел од нив ги активираа центрите за одговор на катастрофи.

Тоа беше како одговор на катастрофа, болниците мораа да се подготват за голем прилив на пациенти кои не сме навикнати да ги гледаме, особено толку рано во летото-рече д-р Елизабет Миди, Шведска болница – Орегон.

И источниот дел од САД се соочува со невообичаено високи температури, но во однос на западниот брег тие делуваат дури и умерено.

Во главниот град Вашингтон беа измерени 36 степени, но поради големата влажност на воздухот чувството е дека е многу потопло.

Многу вода и знаете, пиете вода пред да излезете и ќе бидете хидрирани-рече Турист во Вашингтон.

Треба да имате студени пијалаци, да најдете добар ресторан и да се качите во климатизиран туристички автобус за да видите се рече Туристка во Вашингтон.

Екстремните температури носат и друга опасност која демне секое лето – шумски пожари. Претседателот Џо Бајден имаше координативен состанок со гувернерите на десет сојузни држави на кој се разговараше како да се превенира повторување на катастрофалните пожари кои минатите неколку години беснееја на западниот брег на САД.

Во Калифорнија и на некои други места сушата е двојно поголема од минатата година. Сега гледаме рекордни температури во Портланд и на ЗападотЏо Бајден, претседател на САД.

Американскиот претседател најави дека дел од мерките вклучуваат и зголемување на минималната плата за пожарникарите на 15 долари на час на федерално ниво, како и до 10% покачување за оние кои одат на терен.

Се прават планови за лансирање сателити кои би помогнале во раната детекција на пожари, како и за креирање апликации за мобилни телефони преку кои би се предупредувале граѓаните за опасностите.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста