Екстремен велосипедизам во Тетово – новата велосипедска патека причина за потсмев во јавноста

Тетово ќе развива екстремен велосипедизам.Новата велосипедска патека која се обележува деновиве наидува на потсмев во јавноста.Бројни препреки,отворени шахти, нерешени проблеми со контејнерите и паркирани возила на самата лента. Велисипедистите кои ги сретнавме, велат дека е добро што се мисли и на овој тип сообраќај, но,прашуваат, каде е функционалноста.

Во Тетово вистински предизвик е непречено и безбедно да се движиш со велосипед.Засега е обележана само патека долж булеварот “Илинденска”.А, проблемите и грешките веќе се бројат. Една веќе исправија-бетонскиот столб среде патека за кој најмногу имаше исмевања, денеска е отстранет.

Од општина Тетово велат дека обележувањето на велосипедските патеки сеуште се работело. Допрва ќе се направеле посебни места за контејнерите како не би ги попречувале  велосипедистите. Во однос на возилата пак,во содејство со надлежните, непрописно паркирните ќе биле отстранети од тие места.


Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста