Екстрадиран и спроведен Ј.Љ., осомничен за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21)од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје.Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија. Во изминатиот период од 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстардирани, а за дел постапката е во тек.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста