Експертите за кандидатите на СДСМ: Старо-нови имиња во трката за градоначалници и лошо изглумена демократија

Петре Шилегов, Велидмир Смилевски , Златко Марин , Наташа Петровска се старо-нови имиња од СДСМ кои се фаворити повторно да трчаат за локалните избори. Голем дел од луѓето на кои Заев ќе им ја даде својата доверба  за да бидат официјални кандидати на социјал-демократите за градоначалничките фотељи веќе се познати на јавноста, но сепак партијата на Заев има огласи и конкурси за пријавување на лица кои со својата програма може да аплицираат да учествуваат  во изборот.

Генералниот секретар на партијата Николовски се огласи на твитер, вели дека над 500 кадидидати веќе се пријавиле на огласите, дел од аналитичарите пак децидни, имињата се знаат, а се објавуваат огласи – тоа е глумење демократија.

Тоа е принципот на избор на тројца на тендер. Секогаш фаворитот се знае, но другите двајца се за конкуренција, кои за тоа добиваат некаков бенефит, па макар едно мало колаче или торшките после свадбата. Демократијата не само што се глуми туку доживува крешендо и во овој момент мислам дека Шекспир може да завиди на сценариото кое се случува во Македонија, вели Јонуз.

И сегашните градоначалници на Прилеп, Кисела Вода, Ѓорче Петров,  ги поднесоа до партијата своите кандидатури. Низ партиските куалоари се шпекулира дека токму тие се фаворирите за изборната трка и ударната тупаница на која СДСМ се крсти дека ќе победи на изборите. Јонуз вели дека овие имиња се фаворити оти има уште  зделки кои треба да бидат довршени.

Поставеноста на играчите на терен во кои се прават огромни пари, не смее да претрпи барем уште еден мандат измени, тоа е прво. Второ, изборот на градоначалници, дискретитираноста на многумина е доведена до апсурд, многумина од градоначалничкиот сектор не заслужуваат да бидат примени ни во кафеана, камоли го градските совети на кожната фотеља, вели Јонуз.

Голем дел од имињата за кандидати за градоначалници, премиреот Заев кажа дека ќе ги објави кон средина на овој месец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста