Експертите со допис до Владата – игнорантскиот однос кон дивоградбите во Струга ќе го загрози статусот на УНЕСКО

Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион констатирала големо непочитвување, игнорирање и недоследно работење на надлежните институции и служби што не оди во насока  на подобрување на состојбите во Охридско-струшкиот регион  чие крајбрежје безмилосно се узурпира. Се изведуваат недозволиви и бесправни градежни активности, на целиот крајбрежен потег од Струга до Радожда во заштитена зона на природна реткост се тапонира езерскиот појас,се прават парапетни ѕидови и платформи на Охридското езеро.Плажите се насипуваат со чакал за потоа на атрактивните лоакции да се градат објекти од цврста градба,урпирајќи државно земјиште.

-Сите наведени но и други недозволиви активности ги компромитираат вложените напори и го усложнуваат задржување на статусот под капата на Унеско-стои во дописот што Комсијата за управување со светско прородно и култирно наследство го испрати до Владата, ресорните министерстава и сите релевентни институции.

За жал постапките сеуште течат,сеуште немаме активности на терен.Веќе доставаме дописи до надлежните институции меѓу кои е и државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и после овие случувања кои ги гледаме во медиумите да видиме што таму се случува,чива е одговорноста, кој го нарушува наследството? – вели претседателот на Комисијата, Зоран Павлов.

Комијата бара секој во рами на свите надлежности да ја спречи нелегалната градба како една од главните причини за доведување во опасност и губење на статусот.Потсетуваат дека токму некотролираната урбанизација е посочена во сите извештаи на Унеско како еден од факторите што влијае врз загрозување на исклучитено универзалнте вредности на регионот. Тие сугерират да се врати мораториумот за градба.

За жал ова се состојби кои ги решаваат индивидуалци на сметка на вредностите на светското наследство.Сметате дека треба да се продолжи мораториумот? Да, би требало да се продолжи бидејќи би трбало да се направи што побрзо ревидирање на донесените урбанистички планови,кога станува збор за урбаните поредели – додава Павлов.

Ваквиот игнорантски однос кон своите законски обрски во однос на третманот на светсктото наследство, комисијата го цени како повод Владата да им ги одземе ингеренциите на Општините Охрид и Струга.

Росица Голабоска