Експертите критикуваат за задоцнети чекори во справување со енергетската ркиза

Остри критики од енергетските експерти до Владата зашто на време не презеле мерки знаејќи ги последиците од енергетската криза која ни тропа на врата. Прашањето е дали ќе успее земјава да најде јаглен за „РЕК Битола“ и „ТЕЦ Осломеј“. Според универзитетскиот професор Константин Димитров, увозот на јаглен е само една од низата мерки која се презема за справување со енергетската криза, но и таа е задоцнета. Предупредува дека државата и граѓаните го плаќаат цехот на глувоста на власта на апелите на експертите дека ќе се случи криза.

  • Сега имаме кај нас во Македонија после свадба тапани. Крај, нема веќе, задоцнето е, требаше до сега да мислат на тоа, вели за Алфа Константин Димитров, униврзитетски професор по енергетика.

Сите студии кои биле направени за во земјава да се градат хидроцентрали, биле ставени во фиока. Последна во низата бил планот како „ТЕЦ Неготино“ да се стави во функција, но и напорите нешто да се направи пропаднале во вода.

  • Види уште една глупост, носат мазут во Битола, а тоа го имаат во Неготино. Не можам да разберам како е можно никој да нема слух за она што со години, па и изминативе месеци го алармираме, едноставно тоа е што е, додава Димитров за Алфа.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски критикуваа за неспособност, и предупредува дека поради проблеми со ископ на јаглен, државата ќе биде приморана на да набавува. Тој вели дека со тоа 1000 камиони ќе се разминуваат низ патиштата во Македонија.

  • Пред да почне грејната сезона на депонија во Битола треба да има 500 илјади тони јаглен. Они немаат ни 50 илјади и сега викаат ‘ќе носиме’, и најблиску е, нормално тендер ќе биде, но најверојатно тоа ќе биде од Косово како држава со најголем потенцијал. Они велат 900 илјади тони, за да ги донесете тие 9-10 илјади тони вас ќе ви требаат 500 камиони. 500 камиони треба да се натоварат некаде, да ја поминат Македонија. Сега има два начина како до таму да се стигне или преку Кичево, Демир Хисар или пак да се иде преку автопатот Росоман ,Плетвар, Прилеп, Битола. Тие камиони треба да дојдат да се растоварат на депонија и повторно истите да се вратат, додека нови 500 ќе доаѓаат. Во еден момент вие ќе имате 1000 камиони кои што ќе се разменуваат во Македонија, посочи Мицкоски.

Она што дополнително загрижува е што Македонија нема јасна стратегија како ќе ја преживееме зимата во услови кога во светот нема доволно енергенси и се соочува со екстремно високи цени на струјата.

Премиерот Зоран Заев прв пат призна дека земјава се соочува со енергетска криза, и не знае дали по Нова година ќе имаме нова поскапа цена на струјата.

Во меѓу време, премиерот Зоран Заев прв пат призна дека земјава се соочува со енергетска криза, и не знае дали по Нова година ќе имаме нова поскапа цена на струјата. Она што е неминовно е дека не чека нов ценовен шок.

До крајот на годината нема да има поскапување на цената на струјата за домаќинствата, но што потоа не знаат. Премиерот се стави во редот на многу поголеми политички фигури од него, кои , како што вели – немале одговор на ова прашање.

Електрани на Македонија веќе соопштија дека рокот на тендерот за набавка на еден милион тони јаглен е пролонгиран до понеделник, зашто тоа го барале заинтересираните фирми, за да може да достават комплетна понуда. Интерес покрај домашни од компании од Србија, Косово, Грција, но и од земјава. Од ЕСМ се надеваат дека постапката за набавка на јагленот ќе била успешна.

Она што сега е за утеха, е дека цената за домаќинствата ќе остане иста уште два месеци, но по Нова година не се знае што ќе се случува, иако дел од експертите  очекуваат таа да се зголеми. Прогнозите се дека по првата половина од 2022 цената на светките берзи ќе се стабилизира.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста