Експертите критикуваат за недоволна контрола на организираниот превоз

Една од најголемите трагедии во Европа во последните години -сообраќајната  несреќа на македонскиот туристички автобус во Бугарија која однесе 46 живот,како и автобуската несреќа кај Ласкарци во која пред 3 години загинаа 16 лица, говори дека сите институции надлежни за безбедноста во соообраќајот биле потполно нефункционални-децидни се експертите. Доволен податок дека со години затајувал контролниот механизам се шокантните информации кои го полнат полицискиот билтен.Од почетокот на ноември мината година заклучно со овој месец при контроли на возила што вршат јавен превоз на патници во Охрид, Струга,Кичево и Дебар од сообраќај се исклучени 11 автобуси бидејќи возеле со неисправни сопирачки, кај други 10 автобуси констирани се технички недостатоци,а превозник од Кичево управувал патничко возилонелегално,без поседување соодветна лиценa за вршење јавен превоз на патници.

Трагедиите и ова сега што се прави е одговор на нашата немоќ, на нашата неорганизираност и неплански пристап- велат експертите.

„Кој во светот нас ќе не оправда ако ние кажеме дека регистрацијата на едно возило кое што превезува луѓе ,патници во светот, ја нема во регистарот.Замислете или едно возило кое нема дозвола за вршење на таква дејност на превоз на патници во меѓународен сообраќај, навистина е недозволиво,одговорност мора да има“ изјави Љупчо Милкоски- Национален консултант за загрозеност на безбедноста од сите ризици и опасности.

После двете големи несреќи контролите на патиштата зачестија, но наместо автобусите катаден да се упатуваат на технички преглед пред да тргат на пат, превозниците се сопираат додека сообраќаат, а патниците со часови чекаат да заврши акциската контрола.

„Кај е нашиот проблем кај нас,сите овие години одиме од крајност во крајност значи тоа не смее повеќе да ни се случува.Јас ако патувам за Скопје и одам договорено на лекар, па не смее мене да ми се случи да не можам јас да стигнам затоа што треба да се врши 2 саати технички преглед и тн“, изјави Љупчо Милкоски- Национален консултант за загрозеност на безбедноста од сите ризици и опасности.

Ние веќе 30 години живееме во еден систем и треба да градиме легалитет, дисциплина, треба институциите вистински да си ја извршуваат својата функција со сите контролни и превентивни механизми-завршува нашиот соговорник.

Новинар Росица Голабоска

Снимател, монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста