Експерти: Засилувањето на соработката меѓу Македонија и Србија, ќе го поттикне македонскиот економски развој

Експерти: Засилувањето на соработката меѓу Македонија и Србија, ќе го поттикне македонскиот економски развој

Кристина Алексиеска

Гасното поврзување со изградба на интерконтектор меѓу Македонија и Србија и изградбата на брза пруга кон Солун и кон Белград ќе ја поттикнат македонската економија. Овие клучни проекти ќе бидат од големо значење особено за македонското стопанство бидејќи ќе се отворат нови работни места, ќе се поттикне и олесни извозот, и ќе се отвори патот кон европските пазари, особено со поврзувањето преку Коридор 10.

Експертите го поздравуваат чекорот за инфраструктурно поврзување со Србија, оти на овој начин Македонија станува поблиска до европските пазари.

Воспоставуваме начин и испорака на проекти кои ќе ни помагаат во делот на развивање на инфраструктура, затоа што Србија не е само лидер во регионот туку и пошироко, второ Србија се покажа дека е најголем партнер во регионот .Сета оваа изработка  од гасификација, инфраструктура ќе придонесе за развој и ќе покаже кој се ни се пријатели, вели Пеќевски.

Од бизнисот претходно го поздравија потегот за изградба на брза пруга кон Солун, затоа што солунското пристаниште важи за една од главните трговски точки за македонската економија. Особено важно за домашното стопанство е да се подобри инфраструктурата не само кон југ, туку и кон северниот дел долж Коридорот 10.

На дводневната посета на Николоски,  Стоилковиќ  и Муцунски во Србија беа потврдени заложбите од двете страни за посилно инфраструктурно поврзување

Во фокус на разговорите во Србија беше и можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година, што претставува глобален собир преку настани кои се дизајнирани да одговорат на предизвиците со кои се соочува човештвото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста