Експерти: Заев признава дека нема независно судство, ниту елементарно владеење на правото

Министерот за правда треба да си даде оставка по договорот на Гаши и Заев странски експерти да ги разгедуваат веќе затворените судски предмети, ова е ставот на дел од правната експертска јавност, откако Алтернатива и СДСМ се договорија да бараат од Евроспката комисија меѓународни експерти кои ќе подготвуваат извештаи за случаите Диво Насеље, Монструм, Алфа …

 Не сум слушнал дека некоја држава во Европа побарала од Европската комисија независни експерти да добијат мандат да испитаат кои судски случаи се монтирани. Тоа е рамно на политичко самоубиство. Единствено што некој нормален министер за правда може во овој случај да го направи е да си даде оставка вели за Алфа, Гордан Калајџиев – универзитетски професор.

Калајџиев за Алфа вели дека никој не може да се меша во судски пресуди освен повисоки судски инстанци, во постапка по правни лекови. Најмалку извршната власт. Во исклучителни случаи можно е правдата да се корегира со помилување (претседателот) или амнестија (собранието). Дури ни Судот за човекови права во Стразбур не може да менува конечни судски пресуди.

Ако е неспорно дека имало политички монтирани процеси, кои домашниот систем не може да ги испрви, придобивката од меѓународно непристрасно експертско тело би била во процесот на селекцијата на овие судски постапки. Ова инаку беше главна слабост на претходните домашни понудени решенија за преотворање на политичките судења.   Ваков пример во Европа не (ми) е познат. Тој е прифатлив како крајно средство, но значи признание дека нема независно судство ниту елементарно владеење на правото,што во однос на Европските аспирации е политичко самоубиство-вели Гордан Калајџиев – универзитетски професор.

Професорот Даскаловски пак смета дека договор на Гаши и Заев во врска со „меѓународните експерти што ќе бидат побарани од Европската комисија за истрага на судски случаи„ кои какко рече премиерот „нема да ги поништуваат донесените пресуди, туку ќе дадат свои мислења кај нашите институции„ отвора грст прашања за јавноста: меѓу кои и дали судството е ослободено од спрегите на политиката?

Постојаното инсистирање на меѓународна експертиза е знак дека владата се откажува од сувереноста. Без сувереност на своите институции се вообичаено проблематично држави кои во даден момент и не мора да сусштествуваат во независна форма. Друго е кога сувереноста ја префрлате на транснационални сојузи, унии каде сте земја членка, друго е кога заради сомнеж во работата на сопствените институции викате меѓународни експерти- вели Жидас Даскаловски – универзитетски професор.

Она што е нејасно е зошто владата ќе бара помош од странски експерти да прават извештаи за веќе затворени предмети, кои како што рече премерот нема да ги поништуваат пресудите туку само ќе дадат свое мислење. Не се знае ни колку народни пари ќе бидат потрошени на овие експерти кои едниствено што можат е да изготват извештаи? Побаравме одговор од Владата колку пари ќе чинат оваа операција и зошто се прави ако не може да се промени исходот на пресудите, но до почетокот на овие вести одговор не добивме.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста