Експерти за посетата на бугарскиот премиер Петков – Само убави и фино спакувани зборови

Убави зборови зачинети со Хардварски шмек, но без конкретен напредок за Македонија. Вака накусо димпломатската фела ја гледа првата официјална посета на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје. Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев, за Алфа вели дека иако посетата наликува на симболичен гест на еден почеток на градење на доверба меѓу двете држави, крајниот епилог ќе биде друг.

  • Од мој агол на гледање, тоа е продолжување на вековната бугарска политика кон македонското прашање, но овој пат порафинирани, со Хардварски тон, со предлози кои што се претставуваат како надградување на постојаната бугарска позиција, но повторно со повторување на бугарските ставови дека не постои македонскиот народ и јазик. Така што нема ништо ново, и тоа е новината што ја донесе предлогот на господинот Петков, вели за Алфа, Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија.

Дека посетата на Петков нема да донесе ништо позначително во придвижување на преговорите за Македонија, смета и поранешниот амбасадор Јован Донев. Тој за Алфа рече дека сето ова било само замајување на јавноста и добар театар.

  • Од страна на Бугарија, тоа беше дипломатија на шарм, тоа беше главната идеја на посетата на нашите сосеси, да ја претстави Бугарија во едно поинакво светло. Од друга страна да се запознае со колегите со кои треба да работи наредниот период, тоа е максимумот што се постигна со Бугарија, се на се тоа беше еден добар фестивал, вели за Алфа, Јован Донев, поранешен амбасадор.

И двајцата екс амбасадори сметаат дека отворениот пристап и подготвеноста за дијалог на бугарскиот премиер за посетата на Скопје, била само обид бугарската страна да го намали меѓународниот притисок за брзо решавање на отворените прашања со Македонија.

Иако аналитичарите не очуваат ништо конкретно, сепак велат дека е многу рано да се направи проценка за ефектот од првата средба на Петков. Познавачите на состојбите не се големи оптимисти дека во јуни ќе има зелено светло за почеток на преговори, но и поместување на односите меѓу двете држави.

Инаку, бугарската делегација, предводена од премиерот Кирил Петков, посетата ја заокружи со средби на претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста