Експерти за извештајот од ЕК: Дипломатија во зборови, сепак Бугарија останува реална закана

Позитивен, делумно позитивен или извештај со внимателно одбран вординг, што го разликува овој извештај од оние претходните кои ги испраќаше Европската Комисија минатите години?

Дел од експертите за Алфа велат дека, ЕК од секогаш користела бирократски речник, што остава простор за различни толкувања. Професорот Наумовски  вели дека во овој извештај се нотирани позитивни работи, но сепак остануваат дузина области каде што е потребно подобрување.

Оваа година како континуитет на претходните се напоменти потребата за натамошна борба против корупцијата,заокружување на реформите во правосудството, како и реформата на јавната администрација, вели Васко Наумовски – универзитетски професор.

Во извештајот на Комисија како позитивен коментар е учеството на сите политички чинители во носењето на реформските процеси. Наумовски вели дека е потребно сите партии да учествуваат во интегрирањето на Македонија во европското семејство.

Одговорноста е секако кај сите, но како и секогаш одговорноста е поголема на страната на власта, потребата за вклучување на сите општествени чинители , вклучително и опозцијата треба да биде клучна во постигнување на тој консензус за европските интеграции, вели Наумовски.

Настрана забелешките, заканата од бугарско вето е реален проблем.

Имајќи ги предвид измешаните пораки што ги добиваме од Бугарија во последниот период, не би бил оптимист дека сме на добар пат, посочи Наумовски.

Коментирајќи ги проблемите со Бугарија, Наумовски вели има шанса да се најде заедничко решение, но само доколку се издвои дневната политика од билатералните прашања во земјите, во спротивно не чека ситуација во која Бугарија ќе биде во можност да не блокира за патот кон ЕУ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста