Експерти: Потребен е целосен рестарт на судско – обвинителскиот систем

Експерти: Потребен е целосен рестарт на судско – обвинителскиот систем

Нужно е судските реформи да започнат со распуштање на Судскиот совет. За да се враќа довербата во правосудниот систем, потребни се коренити промени. Поранешниот обвинител Воислав Димоски за Алфа коментира дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го понудиле во програмата, сега и фелата очекува да се спроведе.

  • Не станува збор за некоја сурова политичка мерка, туку повеќе станува збор за една нужност. Насушна потреба е распуштањето и на Судскиот Совет и на Советот на ЈО, и паралелно таму некаде и спроведување на ветинг на правосудните функционери. И тоа е нешто што во текот на кампањата јасно беше дел од понудата на ВМРО-ДПМНЕ и сега сосема очекувано е дека ќе се пристапи кон реализирање на истото. Ние како гласачи, луѓе од браншата очекуваме тоа да се случи бидејќи е нужност и неопходност“ вели Воислав Димовски – поранешен обвинител.

Нема друг посакуван исход, освен целосно расчистување со кадрите кои првенствено даваат отчет пред партијата која се изборила за нивно поставување, а не пред граѓаните кои ги плаќаат, смета Димоски.

  • За да се сфати вистинската мотивација на досегашниот министер за таквото жестоко реагирање, иако и самиот се залагаше за тоа, кога се случуваа тие скандали во Судскиот совет, кои кулминираа со затворање на поранешен член на СС и врховен судија. Самиот министер (Кренар Лога) се залагаше за тоа, но мислам дека повеќе политичка е неговата мотивација, практично се јавува како заштитник на она што останува после него како инсталирана структура на правосудните органи, а на која како единствена задача наместо правораздавањето, беше заштита на кадрите на владејчката доскоро ДУИ“ вели Димоски.

Откако мандатарот Мицкоски објави војна против криминалот и корупцијата, но и партизираното судство, во која најави распуштање на Судскиот и Советот на јавните обвинители, министерот за правда Кренар Лога започна да пишува писма дека станува збор за политичка одлука. Лога пред само една година, откако Судскиот совет беше место на повеќе месечни скандали, ги повикуваше членови да се самораспуштат. На министерот за правда, Мицкоски му порача дека во неговиот мандат тој имал можност да направи реформи и да ја зголеми довербата во правосудството, но за жал ја пропуштил. Сега, идната влада, во консултација со експертите, најавува реформи со правосудството со кои ќе ја враќаат довербата на граѓантите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )