Експерти: Планот за изградба на когенеративни централи носи огромни бенефити

Експерти: Планот за изградба на когенеративни централи носи огромни бенефити

Бројни се бенефитите од изградба на когенеративни централи. Постројките кои  ги најавува Владата за експертите се победничка варијанта – Со ваквите капацитети  истовремено би се произведувала  струја и топлина, а тоа производство пак ќе значи исполнување на обврските кон ЕУ за производство на зелена енергија. Граѓаните ќе дишат почист воздух, а Македонија ќе добие стабилно производство на енергија и ефикасна и поеколошка замена на термоелекраните

Во една постројка се обединети повеќе елементи, гасна турбина, котел , парна тутрбина конденазатоди во исто време произведува и електична и  топлинска енергија е високо ефиканса и тоа производство се признава во ЕУ како зелена енергија. Неверојатни придобивки, дај боже што побрзо да ги направат, обезбедуваме стабино производство , замена на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј со постројки кои се рачунаат со замена за електрична енергија, вели Константин Димитров експерт за енергетика.

Владата најавува изградба на 4 до 5 когенеративни централи, со што ааерозагадувањето би се намалило дури за 60 проценти. Енергетичарите пак гледаат и друг бенефит – производството на енергијата и топлината ќе биде поекономично, односно во когенеративна постројка се троши помалку гориво одколку на пример во РЕК Битола.

Изградбата на когенеративните централи е патот од јагленот кон чистата енергија. Владата очекува тендерот за првата да биде објавен во 2026 година, во моментов се подготвува документацијата и се разгледува каде би била изградена

Премиерот Мицкоски од собраниска говорница порача дека минатата власт не оставила никакви проекти за борба со загадувањето ниту пари за изградба на когенеративни централи. Затоа Владата сега прави стратегија за проектирање и изградба на ваквите капацитети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста