Експерти: Македонските власти три години не изградија европска агенда

Македонската влада која се смета за проевропска нема европска агенда. Цели три години властите кои оптимистички ветуваат добивање на датум за преговори, немаат национална стратегија за усогласување со европско законодавство. Експертската јавност предупредува дека Македонија не може да очекува позитивна порака од Љубљана, бидејќи нереално беа подигнати очекувањата за интеграциите, како што беа и лоши проценките за промената на името дека тоа ќе донесе членство во Унијата, вели за Алфа Марија Ристевска од ЦИКП.

И додека од Брисел пристигнуваат јасни пораки дека Унијата не размислува за прием на нови членки во европското семејство додека не се види натамошниот развој, премиерот Заев останувал оптимист. Без да одговори каква чиста порака чека од европските челници, се правда дека Самитот во Словенија не бил за носење одлуки.

Пораката која стигна од Брисел не е изненадување велат експертите, европските челници во Европскиот Совет од 2013-та не се спремни за проширување, вели Ристовска. И последното обраќање на шефицата на Европската комисија Фон Дер Лајен покажа дека европското проширување не се наоѓа на агендата дури ни на ЕК.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста