Експерти: Граѓаните му кажаа збогум на Заев и на неговите политики

Сменето име, штетни договори со Бугарија и Грција , прекројување на историјата и негирање на бугарскиот фашизам – бројните афери, криминали, скандали и дадоа шамар на власта и губење на голем број градоначалнички позиции по првиот круг локални избори. Граѓаните не можат да ги простат понижувањата од Бугарија и подготвеноста на Заев да прифати се што ќе побараат тамошните власти, па дури и бришење на историјата, ниту реформите во образованието на Царовска, но и вклученоста на високи државни функционери во случаи како рекет, оценува за Алфа аналитичарот Владимир Божиновски.

Скандалите во низа кои и се случуваат на владата за кои премиерот Зоран Заев и неговите најблиски соработници немаат доблест да понесат одговорност е причината за ваквиот исход, коментира и Џевдет Хајредини. Потенцира и дека обидите на ДУИ како коалиционен партнер на СДСМ да ги скријат криминалите на локално ново е дополнителна причина за крахот на Заев и владата, но и за малата излезност во албанските средини.

Погрешните политики кои ги спроведуваат Заев и министрите во неговата влада на државно се одразија на локалните избори е ставот на експертската јавност, потсетуваат дека Македонија под нивно раководство стана единствената држава која издаде дури 215 оригинални пасоши на најголемите нарко босови од Европа и светот. По доаѓањето на власт беа ослободени и повеќе од 1000 затвореници обвинети за убиства и тешки кривични дела, а и во пресрет на овие избори излезе информацијата дека на слобода се уште 80-тина криминалци.  Катастрофата со пожарот во болницата во Тетово дополнително ја прелеа чашата, но и последното извисување со самитот во Словенија на кој македонската влада по којзнае кој пат доби ладен туш за почнување на преговори.

Ваквите резултати од првиот круг локални избори на премиерот најверојатно нема да му ги донесе ниту позитивните сигнали од Бугарија за тргање на блокадите како што и првично најавуваше по завршување на изборниот процес.

Ивана Соколовиќ Најдова